Насловна / Архитектура / Korongee, нов пристап во грижата за луѓето со деменција

Korongee, нов пристап во грижата за луѓето со деменција

Korongee, иновативно село отворено во Тасманија кое е пионер на нов пристап во грижата за луѓето кои живеат со деменција.

Селото е развиено преку партнерство помеѓу HESTA, непрофитна организација за нега на стари лица, Glenview и Social Ventures Australia (SVA). HESTA инвестирала 19 милиони американски долари преку својот Инвестициски фонд за социјално влијание.

02_resize

Отворањето на Korongee претставува значајна пресвртница за грижата за деменција во Австралија и ќе им помогне на жителите да одржат чувство за себе, домот и заедницата. „Овој објект од светска класа е огромен чекор напред за грижата за деменција во оваа земја и ги става Австралија и Тасманија на чело на глобалниот притисок за подобрување на квалитетот на животот на оние кои живеат со деменција“, вели извршниот директор на HESTA, Debby Blakey.

04_resize

Деменцијата е втора водечка причина за смрт кај Австралијците, а во моментов има приближно 459.000 Австралијци кои живеат со оваа болест, а се очекува бројот значително да се зголеми во иднина.

03_resize

Проектот на познатото арвстралиско биро ThomsonAdsett за селото Korongee содржи 12 куќи во четири слепи улици. Секоја куќа е во различна боја со уникатно обоена врата. Има мемориски кутии за прикажување познати предмети лоцирани надвор од вратата од спалната соба на секој жител. Тука е и социјален центар, градини, продавница, кафуле, фризерски салон и велнес центар и сите се проектирани по опширно истражување за моделите на најдобра практика за лечење на деменција.

01_resize

Korongee има 96 жители кои живеат во домаќинства од осум членови, бидејќи истражувањата покажуваат дека живеењето во мали домаќинства е познато и попријатно за луѓето со деменција, отколку традиционалните големи домови за стари лица. Жителите се усогласени според нивните карактеристики со користење типолошки систем развиен од истражувачи од Универзитетот во Тасманија.

7_resize

„Создавањето топла, поддржувачка и безбедна средина е од централно значење за добра грижа за луѓето со деменција. Искуството на архитектите од ThomsonAdsett во изградбата на водечки домови за нега на стари лица ни овозможи да го добиеме проектот за селото, а со тоа и шанса да бидеме дел од иницијативата за првпат во Австралија“, изјави извршниот директор Chris Straw.

010_resize

„Процесот на пронаоѓање на патот во проектот дефинитивно го издвојува од другите во Австралија. Јасноста на внатрешните распореди беше првото подрачје кое го разгледувавме. Следното беше како жителите се движат низ просторот на градините до објектите на заедницата и малопродажните области. Ова се постигнува преку јасни линии во видокруг и единствени дизајнерски елементи во секој простор. Заедничката сала, кафулето, библиотеката, фризерскиот салон и велнес центарот создаваат посебни обележја кои им помагаат на жителите да знаат каде се наоѓаат во нивното ново соседство“, додава Straw.

10_resize

11_resize

14_resize

6_resize

5_resize

12_resize

13_resize

9_resize

Испрати коментар

Scroll To Top