Речиси целиот свет застано во страв од коронавирусот, што се гледа и на овие фотографии. Луѓето се придржуваат на насоките за забрана на патувања, па така многу туристички атракции ширум светот како Забранетиот град во Пекинг, Дизниленд во Токио и Лувр во Париз одлучија да ги затворат своите врати.
Многу други пак, желно исчекуваат посетители, како гондолиерот во Венеција или работникот на пловечкиот пазар на Тајланд.
Голем број фудбалски мечеви се играат пред празни трибини, за оваа мерка размислува и најпопуларната кошаркарска лига НБА, а некои спортски настани како првиот тениски мастерс 1000 во сезоната, Индијан Велс се откажани. Се шпекулира дека Европската куќа на фудбалот УЕФА може да ги суспендира Лига шампиони и Лига Европа поради covid-19.
Вирусот влијаеше на нашето поимање на светот и начинот на живот.
празен плоштадот Св. Марко во Венеција е појава која ретко се гледа
осамен посетител во миланската катедрала
пред парискиот Лувр нема вообичаени редици
во Шпанија сите лежалки на плажата La Caleta се празни
секогаш зафатениот гондолиер телефонира додека ги чека потенцијалните посетители
плажата Боракај на Филипини на која секогаш има гужва, речиси празна
и во Калифорниа почнаа да ги празнат маркетите
Дизниленд во Хонг Конг, сликата кажува повеќе од зборовите
Забранетиот Град во Пекинг одлучи да ги затвори своите врати
Нинен Зака падината во Кјото која е обично преполна, речиси нема луѓе
на пловечкиот пазар во Патаја секогаш имало многу гужва
Дизниленд во Шангај ја дели истата судбина со оној во Хонг Конг
во шангајското метро секогаш имало многу гужва
Кинескиот кварт во Лондон познат по големи гужви речиси празен
Роналдо и соиграчите од Јувентус се поздравуваат со имагинарни навивачи
утре требаше да почне Индијан Велс во калифорниската пустина
реванш мечот меѓу Барселона и Наполи ќе се игра пред празни трибини на Камп Ноу