Во моментот ниту една фабрика за автомобили на северната хемисфера не работи поради пандемијата. Многу од нив ги преориенираа своите скапи кампањи за новите модели, во спотови за подигање на свеста за опасноста од вирусот. Така, тие привремено ги изменија своите логоа, со цел на сликовит начин да го промовираат значењето на социјалното дистанцирање.
„Комерцијално, на овие спотови ќе потрожиме милиони евра, но не сакаме да останеме настрана од сето ова што се случува. Особено, што оваа кампања сакаме да ја спроведеме во САД каде болеста забрзано се шири“, објаснил Херберт Диесес од „Фолксваген групата“. Со привремена промена на распоредот на елементите на своите амблеми, покажавме колку е важно социјалното дистанцирање овие денови, велат од „Ауди“ и „Фолксваген“.