Пандемијата донесе нов пристап во разни сегменти од животот, а стручњаците укажуваат дека поради оваа криза и медицинскиот отпад во иднина ќе мора многу повнимателно да се третира. Судејќи по последните информации, во регионот претстои долг период на унапредување на системот за управување со овој вид отпад, со цел безбедност за луѓето и заштита на животната средина.
Имено, не помина многу време од појавата на заразата, а плажите во Хонг Конг беа прекриени со маски и ракавици. Потоа, и кај нас се најдоа вакви примероци по улиците и во природата, додека домаќинствата пак, немаат никакви упатства во врска со управувањето со ваков медицински отпад. Како е тоа регулирано? Дали вирусот услови адаптација на постапката поврзана со управување со медицинскиот отпад?
Стручњаците од разни области и компании го даваат својот придонес и ја истакнуваат важноста на одговорното и безбедно управување со овој материјал, како и потребата тоа да се унапреди во специфични услови какви што во моментот ги имаме.
Единствената клучна промена е заштитата на здравствените работници, и таа мора да биде на највисоко ниво, „како да е во прашање епидемија на вариола вера“, објаснува за Balkan Green Energy News, Горан Белојевиќ, шеф на катедрата за хигиена со медицинска екологија на Медицинскиот факултет во Белград. Маските, ракавиците и шамивчињата од домаќинствата се опасен инфективен отпад, вели тој и препорачува да се третира со раствор од натриум – хипохлорид во спреј, или да се врие десет минути.
Запрашан за ризикот за собирачите на секундарни суровини од комуналниот отпад, тој јасно укажува дека оваа пракса како и откупот на наведениот материјал „треба целосно да запре додека трае пандемијата“. Во исто време, во овој период, дури и пластичниот прибор за јадење од болниците треба да се третира како медицински отпад.
Почитувани
Ве молам да внимавате со превземање на текстови од други извори и да помислите какви последици би можеле да имаат изјавите изкажани во нив…
Овој текст привично излезе на https://balkangreenenergynews.com/coronavirus-puts-medical-infectious-waste-in-security-spotlight/ и е напишан од г-дин Игор Тодоровиќ. Веќе реагирав на редакцијата.
Тезата на почитуваниот Др. Белојевиќ е погрешна поради тоа што е сигурно дека SARS CoV-2, a не се работи за Вариола Вера.
Собирањето на оптад никако не смее да запре затоа што ке бидеме изложени на други болести како колера дизентерија, туфус, чума што се пренесуваат од глодари, животни или птици.
Овакви изјави сигурно не одат во корист на здравството и здравствените работници. Можете да замислите што ке се случи со болниците и постројките за третман на инфективен отпад ако сиот болнички отпад се смета за инфективен…
Со почит,
Виктор Христов
Почитувани,
апсолутно се согласувам со коментарот на г-инот Виктое Христов, кој е меѓународен експерт за медицински отпад.
Воедно би сакала да посочам дека МЖСПП има подготвено упатсва за професионалците во јавната хигиена и собирањето на отпадот за време на пандемијата со COVID 19 и Упатствa до граѓаните, и тоа, како се постапува ако сме во карантин или имаме сомнителен случај во нашиот дом, потоа ако сме здрави и немаме сомнителен случај во домот и воопшто како се постапува со отпадот од личната заштитна опрема.
Со почит,
м-р. Ана Каранфилова Мазнвеска