Насловна / Вести / Користењето на животинските масти за производство на авионско биогориво може да и штети на животната средина

Користењето на животинските масти за производство на авионско биогориво може да и штети на животната средина

Маста на некои животни се користи за производство на „позелено“ гориво за авиони, но новото истражување предупредува дека овие „одржливи авионски горива“ може да и наштетат на Планетата. Алармантниот извештај доаѓа од групата Transport & Environment, која се бори за „почист“ сообраќај. Во овој извештај се истакнува дека нема доволно животни за да се задоволи побарувачката од горива за авионската индустрија, а во чие производство се користи животинска маст. Животинската маст обично се смета за отпад, па затоа е предложено да се користи во производството на авионско гориво, со цел да се намали неговиот јаглероден отпечаток.

fat3

Се очекува побарувачката на ова гориво да порасне нагло до 2030 година, со оглед дека авиокомпаниите се под голем притисок да користат почисти горива. „големите компании имаат склучено големи зделки со добавувачите на нафта за одржливо авионско гориво (SAF)”, се истакнува во новиот извештај. BBC јавува дека побарувачката за биодизел добиен од животински отпад и искористено масло за јадење постепено се зголемува во Велика Британија во последните 20 години. Новото истражување покажува дека во Европа производството на горива од животински отпад од 2006 година до денес е зголемено 40 пати. „Додека ЕУ и натаму е на овој пат, Велика Британија се консултира за ограничување на видовите животински масти кои одат во авионското гориво. Владата размислува за забрана или строги ограничувања и за животинските масти и за искористеното масло за јадење, бидејќи е загрижена за негативните последици“, објавува BBC.

fat1

 

Испрати коментар

Scroll To Top