Насловна / Вести / Користењето на рециклирано стакло во бетонот, може да придонесе за зачувување на животната средина

Користењето на рециклирано стакло во бетонот, може да придонесе за зачувување на животната средина

Група научници спровела истражување со цел да најде алтернатива за песокот кој се користи при правењето на бетонот. Имено, градежната индустрија троши огромни количини песок и има голем удел во емисиите на стакленички гасови, а градежниот отпад сочинува околу 35% од вкупниот отппад на депониите во светот. Промените во вид на 3D печатен бетон би можеле да донесат големи промени во градежништвото.

glass1

glass2

Научниците Seyed Ghaffar и Mehdi Chougan од Велика Британија, како и Pawel Sikora од Полска, се обиделе да користат рециклирано стакло наместо песок при 3D печатењето на бетонот. Стаклените шишиња прво машински биле здробени, а потоа добиените парчиња се измиени, исушени и просеени. Добиените честички биле помали од 1mm2. Така иситнетото стакло го користеле за правење бетон, на ист начин како песокот, и со помош на 3D печатењето правеле префабрикувани градежни блокови. На овој начин отпадното стакло добило нов живот како дел од градежниот материјал.

glass3

glass4

Истражувачите утврдиле дека вака добиениот бетон има подобри карактеристики од класичниот. Имено, топлинската спроводливост на стаклото е три пати помала во однос на кварцот, кој во голема мера се користи во бетонот. Благодарение на тоа, овој бетон има подобри термоизолациски својства и би можел да ги намали трошоците за ладење и греење. Научниците направиле уште една измена во составот на бетонот, со додавање на прашина од вар наместо еден дел од портланд цементот, со што ваквиот бетон е одговорен за помалку емисии на јаглерод диоксид. Во исто време, научниците тврдат дека не се нарушува квалитетот на бетонот. Понатаму, со додавање на шупливи термопластични сфери, густината на бетонот е намалена со што топлинската спроводливост е намалена за  40%.

 

Испрати коментар

Scroll To Top