На островот Капри во Италија, од овој месец стапи на сила забраната за користење на пластични производи за една употреба. Се разбира, забраната не е апсолутна, но секое прекршување на истата чини 500 евра.
Паралелно со забраната за употреба, стартува и забраната за продажба на овие прооизводи за еднократна употреба, со тоа што на трговците им се дава рок од 90 дена да се ослободат од постоечките залихи.
Во блиска иднина овој пример ќе го следи и Неапол, а со цел зачувување на морскиот брег и морето од пластичниот отпад.