Насловна / Градежништво / Коридорот 11 во Србија со добра динамика

Коридорот 11 во Србија со добра динамика

Koridor_11_putevi_Srbije
Mинистeрот за градежништво и урбанизам на Србија, Велимир Илиќ, изјави дека неговото министерство од почетокот на годинава склучило договори вредни три милијарди евра и  оцени дека работите на Коридорот 11 се одвиваат со добра динамика. Според него Коридорот 11 и Јужниот тек се две најголеми инвестиции во историјата на Србија.
Тој додаде дека после застојот во работата на азербејџанската фирма „Азир Вирт“, која ја гради делницата  Диќи – Таково, на Коридорот 11 е надоместено изгубеното време. Илиќ истакна дека на Коридорот моментно се вработени околу 2.000 работници од кои дури 73 отсто се од Србија, оценувајќи дека тоа претставува голема инфузија за српското стопанство. Многу е битно што само на тој Коридор ќе се вработат помеѓу седум и десет илјади луѓе, рече министерот за градежништво.

Испрати коментар

Scroll To Top