Грчката фирма „Актор“ која треба да гради четири делници од источниот крак, го прекина градењето, а сметката година дена им била блокирана за 10 милиони евра, се наведува во извештајот на Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура, информира српскиот портал „Политика“.
Според пишувањето, „Актор“ нема работна сила, нема механизација и нема средства за градење на кракот кон Бугарија, а сметката година дена им е блокирана, стои во извештајот за градба на патот Ниш-Димитровград, кој го направи работна група во декември минатата година од ресорното министерство.
Тоа е закана дека коридорот 10 нема да биде завршен до крајот на годината, како што беше најавувано.
Работната група која го составила документот смета дека претпријатијето „Коридори Србија“ е виновно затоа што не ја следело динамиката на работа и не казнувало непочитување на договорот.
Тие направиле повеќе трошоци, но не казнувале за непочитување на договорот.
На Грците им уплаќале пари без одобрување од банка, а тие останале должни на добавувачите, не ја завршиле работата, ја напуштиле градбата и материјалот пропаѓа.
Овој документ во Чачак на новинарите го поделил Велимир Илиќ, лидер на партијата „Нова Србија“ и поранешен министер за инфраструктура.
Исплатени биле 23.3 милиони евра за дополнителни аванси, за ослободување на гарантни депозити биле платени 440 милиони динари и за отштета 1.1 милијарда динари.
„Актор“ повлекувал пари, а работите не напредувале како што треба.
Оваа грчка фирма гради вкупно 48,7 км пат.