Насловна / Архитектура / Корбизје „се залага за масовна досада“, вели Thomas Heatherwick

Корбизје „се залага за масовна досада“, вели Thomas Heatherwick

Британскиот дизајнер Thomas Heatherwick говореше на темата „култот на модернистичката архитектура“ во новиот радио серијал на ВВС.

Heatherwick, чии бројни проекти ги вклучуваат Little Island во Њујорк и седиштето на Google во Лондон и Силиконската долина, ги изнесе своите ставови во троделна серија на BBC Radio 4 наречена Soul with Thomas Heatherwick, пишува Dezeen.

t1

Thomas Heatherwick

„Мислам дека живееме низ глобална ‘бландемија’ во дизајнот на зградите“, им рече Heatherwick на слушателите во втората епизода, емитувана на 10 .октомври и насловена „Култот на модернистичката архитектура“.

„Оваа ера на здодевност резултираше со бездушни, нечовечки урбани средини.

l

Little Island во Њујорк 

„Зошто модерните згради што ги колонизираа нашите мали и големи градови изгледаат толку досадно? И зошто целата индустрија на луѓе кои ги прават не може ова да го види?“

Епизодата го истражува односот на архитектонската професија со модернизмот, почнувајќи од делото на Валтер Гропиус после Првата светска војна.

Heatherwick псобено ја критикува теоријата на исклучително влијателниот архитект, Ле Корбизје.

Писанијата на Корбизје „се залагаа за масовна досада“.

t3

„Постои еден човек кој работеше заедно со Валтер Гропиус, кој повеќе од било кој друг е одговорен за глобалната ‘бландемија’ што ја гледаме денес – човек кој стана синоним за строгите модернистички стилови што се проширија во сите наши градови“, рече Heatherwick.

„Корбизје е таков парадокс“, додаде тој. „Некои од неговите згради се најневеројатните згради што некогаш сум ги видел. Згради со кривини, неверојатни детали и фасцинација“.

„Па сепак, она што го напиша заговара масовна здодевност, а неговите текстови биле толку влијателни, повеќе од неговите згради“, продолжува.

t2

Во едно од интервјуата кое го направил Heatherwick како дел од серијалот емисии, архитектонскиот историчарот на архитектура  Barnabas Calder ги бранел модернистичките згради.

„Мислам дека нема ништо погенеричко или помалку привлечно во повоената шема за социјални станови, од што постои на пример во вообичаена Georgian Street “, рече Сalder.

„Само времето и растечкиот престиж се тие кои резултираа со високо вреднување на едното и пониско вреднување на другото“.

Heatherwick им појасни на слушателите дека „целосно не се согласува“ со Сalder.

„Кога бев дете, немав предрасуди кон модернистички згради, џорџиска или викторијанска зграда“, рече Heatherwick.

„За мене, сите изгледаа свежо. И можев да кажам дека модерното движење отиде на друго ниво. Измисли згради кои се лишени од практично секаква визуелна сложеност. Го слави отстранувањето на делот што создава емоција.“

t4

Како дел од емисијата, исто така се откри дека културниот критичар и истакнат поборник на брутализмот, Jonathan Meades, е поканет да учествува во серијлот, но тој одговорил: „Последната личност што треба да прави серијал за урбанизам е дизајнер“.

„Ваквото размислување дека дизајнер не треба да зборува за урбанизам е токму причината зошто сме во нередот во каков сме“, вели Heatherwick како одговор и додава: „Ако ништо друго, ни требаат повеќе дизајнери, повеќе уметници, повеќе луѓе кои зборуваат и влијаат врз изградената средина“.

Последната епизода од серијалот ќе се емитува денес, 17. октомври.

Испрати коментар

Scroll To Top