Копија на славната Мона Лиза од Леонардо да Винчи, насликана околу 1600 година на дабова плоча и исклучително добро сочувана, ќе биде ставена на аукција на 9. ноември во Париз, соопшти куќата на Аркиријал.
На таа копија присутна е истата суптилност на цртите на лицето, истата енигматична насмевка и контури со техниката сфумато што Да Винчи ја популаризираше.
„Не е невообичаено да се види копија од Мона Лиза, но оваа е во одлична состојба, пред се затоа што е насликана на дабова плоча, додека другите се на платно“, велат од аукциската куќа, додавајќи дека авторот е непознат.