Одборот за животна средина на градот Копенхаген, одобри 300 милиони круни, односно 45 милиони долари за садење на нови стебла низ градот. Целта на данската престолнина е до 2025 година да се посадат 100.000 нови дрвја.
Проектот започнал во 2015 година и досега се посадени 17.000. Мортен Кабел од партијата Алијанса на црвено – зелените, истакнува дека сите влијателни партии во управата на градот силно ја поддржале оваа иницијатива. Тој додава дека „еден од главните приоритети на власта во Копенхаген е “позелен град““.