Одговорните за електрична енергија во главниот град на Данска, Копенхаген заменија околу 20 000 улични сијалици што претставува половина од вкупниот број сијалици за улично осветлување со лед сијалици. Се очекува со овој потег веќе на почетокот на наредната година да се допринесе за намалување на трошоците за електрична енергија дури за 57 проценти што е еднакво на годишната потрошувачка на околу 4.500 домови.
Ова е еден од чекорите кои што градот ги превзема со цел да стане првиот јаглерод неутрален град во светот. Извадените улични сијалици градот Копенхаген ги продал преку аукција со цена од околу 90 евра по парче, бидејќи се покажало дека голем број граѓани сакале да зачуваат дел од историјата на градот во нивните домови.