Градските власти на Копенхаген се амбициозни во намерата за спроведување на акцискиот план за поодржливи сообраќајни решенија, а воведувањето на „паметни“ семафори е само една позиција од долгата листа на активности. Овие семафори секогаш ќе им овозможат предност на минување на поеколошките превозни средства (велосипедите и јавниот превоз).
Се работи за вкупно 380 семафори, со придружна информатичка инфраструктура која ќе ја мапира позицијата на учесниците во сообраќајот, и според тоа ќе го управува работењето на семафорите. Вкупната вредност на проектот е седум милиони долари. Копенхаген планира до 2025 година да стане град без емисии на јаглерод диоксид.
http://plugin-magazine.com/media/cache/upload/Photo/2016/02/21/profimedia-0170659796_biggalleryimage.jpg