Насловна / Вести / Копенгахен ќе се грее на биомаса

Копенгахен ќе се грее на биомаса

toplana-na-biomasa-kopenhagen

Финскиот производител на енергетска опрема Valmet  и данската енергетска компанија HOFOR Energiproduktion  потпишаа договор вреден 150 милиони евра за изградба на нова термоелектрана – топлана на биомаса во копенгхашкиот залив, во согласност со најсовремената технологија. На овој начин ќе се замени постоечката TE-TO Amager  на јаглен со моќност од  600 MW, на чија локација всушност се гради новиот капацитет, со што емисијата на штетни гасови ќе се намали за околу 1,2 милиони тони годишно, што е во согласност со плановите на градската управа на Копенхаген да стане првиот енергетски неутрален главен град на светот до 2025 година.

toplana-na-biomasa-kopenhagen1

Изградбата на постројката би требало да започне во 2017, а во погон ќе се пушти во 2019 година. Електраната ќе има капацитет од 415 MW топлинска и 150 MW електрична моќност. Се работи за најголема енергетска постројка на биомаса во Скандинавија и меѓу 1о-те најголеми во светот. Биомасата до електраната ќе се доставува и со бродски и со камионски транспорт.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top