Станбениот комплекс, населбата Domagkpark проектирана е 2016 година. Главни архитекти се bogevischs buero architekten & stadtplaner GmbH во соработка со SHAG Schindler Hable Architekten GbR со Architekturbuero Christian Koehler. Комплексот е изграден во Минхен, Германија и се простира на површина од 20275 метри квадратни.
Планот за зонирање понудил можност да се проектираат објекти со мали ограничувања. Тоа овозможило да се обликуваат зградите на таков начин што дворовите и пролазите ги отвараат внатрешните простори кон опкружувањето, а во исто време формираат интимни заеднички простори за жителите. Комплексот за домување се состои од пет самостојни објекти кои се организирани околу големи централни скали.
На највисоките катови на кровот становите меѓусебно се поврзани преку мостови кои создаваат кровни градини. Така се формира прекрасен пејсаж со единствена големина и разноликост. Во приземјето на објектите, предвидени се голем број заеднички простории, ателјеа, работилници, деловни простори и отворени простори кои служат за разни активности на жителите, но и за целото соседство.