Насловна / Вести / Конзолниот мост Цетина кај Омиш споен со потиснување (ВИДЕО)

Конзолниот мост Цетина кај Омиш споен со потиснување (ВИДЕО)

Прогласен за најсложен градежен проект во Хрватска во повеќе од 30 години, Цетинскиот мост преку кањонот на реката Цетина во приморскиот град Омиш поврезан е во четврток, на 9. март, а се очекува да биде отворен за сообраќај од есен.

Мостот е долг 224,45 метри и е дел од проект на изградба на обиколницата околу Омиш. Ја надвиснува Цетина со челичен лак чии краеви се фиксирани во тунели од двете страни на мостот, па неговата должина е поголема од видливата конструкција.

1

Клучен објект на идната сообраќајница

Вредноста на работите е 23,16 милиони евра (без ДДВ), а станува збор за проект чија реализација ќе придонесе за сообраќајно растеретување на центарлното градско јадро на Омиш и намалување на метежот, пренесува Јутарњи лист.

Мостот е клучен објект на идниот пат Солин – Стобреч – Дуги Рат – Омиш, кој ќе биде од исклучителна важност за растеретување на сообраќајот на Јадранската магистрала, особено за време на летниот туристички шпиц.

5

Рокот за завршување на сите градежни работи е 30 јуни 2023 година, а во „Хрватске цесте“ очекуваат дека делницата ќе биде во функција во текот на есента оваа година. Изведувањето е довероно на компанијата Штрабаг.

По спојувањето на мостот, ќе следат работи на одводнувањето на тунелите, асфалтирање и поставување на бурбони, а во моментов се гради и делница долга нешто помалку од три километри, која ќе ја поврзе новата сообраќајница со државниот пат ДЦ8.

Два распони во приодите на тунелите

За потсетување, ширината на кањонот на местото на преминот е 140 метри со екстремно стрмни карпи, наклони и до 1:5, па самиот челичен греден мост на двата краја е сместен во порталите на пристапните тунели „Омиш“ и „Коморјак“.

2

Носечкиот склопив мост има три распони, од кои два се скриени во приодите на тунелите. Пократките распони се по 30 метри, додека централниот распон над кањонот е 152 метри.

Мостот се гради со постапка на слободна конзолна градба, делови од челичниот склоп се монтираат во тунелот. Откако делот од мостот е монтиран, потискуван е надвор, над реката, а наредниот дел, кој сè уште е во тунелот, му прави противтежа.

4

На едниот крај од мостот се вградува уред – преносник на удари кој овозможува надолжни поместувања на распонскиот склоп (кога мостот ќе се издолжи или скрати поради температурни промени), а во случај на нагли движења какви што се случуваат при земјотреси, претставува надолжно неподвижна точка, односно пренесува сила во карпата.

6

Делови од конструкцијата произведени во Италија

Една од специфичностите на овој проект, меѓу другото, е тоа што за прв пат во Хрватска се потиснува мост со променлив попречен пресек.

Делови од челичната конструкција се произведени во работилници во Италија, од каде по монтажа се транспортирани по копнен пат до местото на вградување.

7

Така, целата челична конструкција во работилницата е поделена на елементи со должина до 12 метри и максимална ширина до два метри, за да може да се транспортира со шлепери до тунелите „Омиш“ и „Коморјак“, каде што се вршени окрупнување и монтажа.

3

Сообраќајната површина на мостот се состои од две сообраќајни ленти со широчина од 3,25 метри, две рабни ленти со ширина од по 30 сантиметри и две сервисни патеки со ширина од по 75 сантиметри.

Пешачките патеки на мостот не се наменети за пешачки сообраќај, освен како сервисни патеки за посета на овластени лица.

Оградата на мостот е проектирана со исполна од проѕирни плочи со ефект на матирано стакло со цел да се постигне што подобар светлосен ефект во комбинација со осветлувањето поставено во ракохватот на оградата.

Испрати коментар

Scroll To Top