Во црквата „Св. Спас“, комплетно е завршен проектот за конзервација на фрескоживописот кој датира од 14 и од 17 век.
„Мило ми е што завршивме со конзервацијата на живописниот фрескоживопис во црквата „Свети Спас“, каде е извршена и реконструкција на покривот. Овој проект комплетно е завршен по што како Министерство за култура ќе почнеме и со партерното уредување на црквата“ рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Таа информираше и за уште еден, како што рече, исклучителен значаен проект – конзервација на 85 икони кои ќе си го најдат своето место во посебен галериски простор во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село.
„Веќе половина од иконите, над 40, се конзервирани, се работи на останатиот дел, значи втората фаза, така што во согласност со динамиката, овој проект треба да заврши следната година“, изјави Канческа-Милевска.