Насловна / Архитектура / Конверзија на Викторијанска пошта во современ апартман

Конверзија на Викторијанска пошта во современ апартман

Victorian Post Office (11)
Пренаменувајќи го просторот на поранешна Викторијанска пошта во центарот на Лондон, архитектонското и дизајнерско студио 1508 London, креирало впечатлив, несекојдневен апартман, чиј сопственик е колекционер на уметнички слики.
Victorian Post Office (13)
Ентериерот го дефинираат чисти и јасни секции, каде се интегрирани цврсти, ортогонални волумени, во комбинација со постоечките навидум триаголни, двојно висински простори, со цел да се креира динамична заемна корелација.
Victorian Post Office (12)
Необработената и природна палета на материјали ја изразува формалната рационалност и референцирајќи се на афинитетите на клиентот кон руската политичка уметност се потенцира драматичноста на просторот.  При ентериерното уредување, секој применет материјал е внимателно селектиран и изработен, со цел да се создаде длабочина, текстура и раскош. Влезниот двовисински претпростор е обликуван со поставување на метални панели, создавајќи топла атмосфера и предизвикувачко чувство за понатамошното осознавање на внатрешноста. Централно поставеното црно перфорирано метално скалиште функционира како силна, деликатна врска помеѓу двата волумени, истовремено доминирајќи во просторот како засебна цврста структура.Victorian Post Office (4)
Victorian Post Office (3)
Бетонската обвивка на внатрешните затскриени простори ја прободуваат стотици разиграни перфорации, со цел да се обезбеди нивното неопходно осветлување и проветрување.Victorian Post Office (5)

Victorian Post Office (10)
Иако ненаметлив, сепак, ентериерот создава пријатна атмосфера каде клиентот би можел хармонично да се забавува, релаксира, како и да презентира импресивни уметнички дела.Victorian Post Office (8)

Victorian Post Office (9)

Испрати коментар

Scroll To Top