Ефикасен и силен механизам за контрола на квалитетот на градежните материјали кои се нудат на пазарот е еден од најзначајните предуслови што треба да обезбедат дополнителни гаранции за сигурноста на градбите и одржлив раст на домашната градежна индустрија, порачаа учесниците на денешната конференција „Влијанието на градежните материјали врз квалитетот на градбата“.
Министерот за економија Беким Незири истакна дека градежната индустрија е значаен двигател на економскиот развој на земјата и посочи дека со новиот закон за градежни производи што го подготви Министерството за економија ќе се овозможи натамошен развој на оваа гранка.
Законот, појасни Незири, е усогласен со новите регулативи во законодавството на ЕУ и ќе придонесе во поедноставување на административните постапки, скратување на времето потребно за добивање на именување на телата и е во функција на зголемена ефикасност за контрола и сузбивање на сите технички и трговски бариери во оваа област.
– Сите овие аспекти, верувам дека ќе придонесат за понатамошен раст и развој на градежната индустрија, рече министерот Незири на конференцијата, во организација на цементарница УСЈЕ.
Според Претставници на институции, стручни и научни организации и тела од областа на градежништвотои, како и градежни компании на конференцијата презентираа податици и стручни анализи според кои градежните материјали кои се произведуваат во Македонија се со висок квалитет.
– Во Република Македонија се донесени сите стандарди за квалитет за индустријата за градежни материјали и тие се дел од законската регулатива на земјата која во голем дел е усогласена со законодавството на ЕУ, рече Тони Арангелески, професор на Градежниот факултет и член на ТК 25 во Институтот за стандардизација.
– Тоа е нашата клучна стратешка определба за која имаме целокупна поддршка од нашата групација ТИТАН, преку која ни се на располагање искуствата и најновите светски индустриски трендови, изјави Хрисафов.