Дизајниран од луксенбуршкото студио Valentiny HPV Architects, театарот Mozarteum Brasileiro има две различни гледалишта кои се преклопуваат, едното во надворешноста другото во внатрешноста, секое со по 1100 седишта.
Во иднина театарот ќе вдоми многубројни различни социо-едукативни активности и ќе стане перманентен центар на културните случувања.
Театарот исто така содржи и анекс, помошни објекти, осум сали за вежбање, простран бар и сали за состаноци. Со дизајн на контрастните извиени форми со триаголни отвори тотално се интегрира со природното опкружување на Trancoso. Исто така, објектот има вметнати панели кои се изгравирани во бронза од познатиот бразилски уметник Maria Bonomi. Гравурите се однесуваат на локалната природа со нејзините импресивни карпи и раѓањето на бразилската нација.