Во станбената зона Summerhill што се наоѓа во мирен крај на Торонто, врз основа на проект на архитектонското студио AKB предводено од архитектите Robert Kastelic и Kelly Buffey, изградена е модерна и функционална куќа за брачен пар со мало дете.
Новиот дом со површина од 360 квадратни метри ги користи темелите и страничните ѕидови на претходната куќа на истиот плац, а во однос на оригиналниот објект е само малку проширен.
Архитектите ја организирале станбената програма на четири нивоа со цел да се зголеми и максимално искористи просторот. Балансот меѓу приватноста и отвореноста е постигната така што куќата од уличната страна е доста затворена, додека од дворната страна таа се отвора со големи прозорци кои овозможуваат пробив на светлина, но, исто така, и поглед кон блискиот шумски пејзаж.
Храбрата ортогонална геометрија ја дефинира главната фасада на објектот со високи, а тесни прозорци и длабоко вовлечени балкони. Црвените тули и црниот кедар на фасадата се контрастот на светлиот ентериер чиј дизајн се навестува и од улица. Белиот дабов под, светлите нијанси на мебелот и сведената палета на бои доминираат во внатрешниот простор, кои и биле барање на клиентот.
Во приземјето на куќата до влезниот хол со двојна висина, организиран е отворен простор со дневна соба, кујна и трпезарија. Прозорците од подот до таванот во дневната соба ја бришат границата меѓу внатрешниот простор и зелениот двор, со што атмосферата е уште повеќе природна.
На вториот и третиот кат сместена е блокот за спиење со посебни бањи, додека на последниот кат е сместен работен дел со сала за вежбање и оаза за релаксација.
Фасадата изгледа особено интересна ноќе кога се вклучува ЛЕД осветлувањето.