Насловна / Архитектура / Контекстуално проектиран станбен комплекс во Индија

Контекстуално проектиран станбен комплекс во Индија

Сместени на ридеста локација во пустината Ras во Rajasthan, Индија, Studios 18 апартманите се дел на силуетата распоредена на 36 хектари. Без градби во близина, овој комплекс е направен за работници кои работат во новата фабрика за цемент која е во близина. Во непосредното опкружување на локацијата нема населени места, а во близина има четири села на оддалеченост од еден километар. Пронаоѓајќи инспирација во органскиот распоред на соседните села, станбените единици се преплетуваат во рамките на постојните контури долж органските улици кои протекуваат низ локацијата.

1_resize

Станбените апартмани ја следат органската природа на старите индиски градови со куќи кои се повлекуваат и создаваат испреплетени градби на три нивоа. Како одговор на топлата клима која преовладува на локацијата со осум месеци лето и температури поголеми од 35 степени Целзиусови, становите се ориентирани кон север, североисток и северозапад, без ниеден стан свртен кон југ.

3_resize

Проектиран на приземје и два ката, станбениот комплекс им овозможува на жителите да бидат блиску до земја и да се чувствуваат како да живеат во куќи. Заедничките комуникации кои ги поврзуваат станбените блокови се природно проветрени со апстрактно распоредени квадратни перфорации од двете страни, што овозможува циркулација на воздухот и природна светлина, а и создавање на различни сенки во различни периоди од денот.

5_resize

6_resize

Ходниците овозможуваат транспарентен, заклонет од сонце, простор во ладовина за движење помеѓу становите и им овозможуваат на жителите и место за прошетка која е интересно искуство. Исто така секој апартман е вентилиран со длабоко повлечени прозорци и отворени тераси кон небото. Бојата игра важна улога во разликувањето на волумените, како и во идентификувањето на комуникациите, а истовремено алудира и на боите на регион.

4_resize

Во регонот на Rajasthan бојата игра важна улога во животот на луѓето, кои секојдневно носат јарки бои. Како да надокнадуваат километри сушен и песочен терен, кој го гледаат околу себе, носат облека и накит во шарени, живи бои. Поголем дел од градовите во Rajasthan идентификувани се со боја. Jodhpur е познат како синиот град со традиционални куќи во нијанси на син варов малтер. Jaisalmer е познат како жолт град по традиционалните куќи изградени во жолт песочник.

17_resize

Користената палета на бои во станбениот комплекс Studios 18  е значаен дел од неговото визуелно влијание. Деконструираните коцки во песочното подрачје се со различни нијанси во различни периоди од денот – визуелно разликувајќи ја пластиката и вдлабнатините на објектите, како и идентификувајќи ги местата за комуникација. Со посветли нијанси на надворешните sидови за да рефлектираат топлина од површините и потемни тонови во затворениот простор за да се создаде поладно чувство, тие влијаат на дизајнерското решение.

2_resize

Studios 18 е контекстуално проектиран станбен комплекс, кој е одржлив поради дизајнот кој се придржува на постоечките контури, насоченоста кон намалување на топлината, олеснување на продорот на природно светло и вентилација и неагресивниот и ненаметлив дизајн.

11_resize 12_resize 15_resize 9_resize 10_resize 8_resize 13_resize 14_resize

Испрати коментар

Scroll To Top