Уметницата и дипломиран архитект Ана Ѓуриќ Констракта доби специјална награда од Друштвото на архитекти на Белград – „Награда за архитектонски настан на годината 2022“.
Констракта лично ја прими наградата и се заблагодари на затворањето на 17. Белградска меѓународна недела на архитектура (БИНА) во Уметничката галерија на Културниот центар на Белград, соопштија организаторите на настанот.
Автентична творечка личност
Претседателот на Друштвото на архитекти на Белград, Иван Рашковиќ, истакна дека доделиле „почесно признание на личност која со своето делување и уметничка работа, промислува теми како што се современост, критичност и одговорност, кои се иманентни и во архитектурата“.
Според неговите зборови, Конструкта е „автентична творечка личност која има архитектонски погледи и индиректно препорачува архитектонска култура“.
„Признанието доделено на оваа личност зборува и за профилот и карактерот на наградата. Со ова признание и се заблагодаруваме на придонесот и креативно размислување и инспирацијата за автентично делување“, изјави Рашковиќ.