Насловна / Архитектура / Конкурсот за новата Градска болница ги доби победниците

Конкурсот за новата Градска болница ги доби победниците

Конкурсот објавен од Министерството за здравство преку Бирото за јавни набавки за Идеен проект за нова градска болница во Општина Аеродром, која ќе се гради на местото на „Мајчин Дом“ ги доби победниците. Комисијата која ги оценуваше трудовите ги додели наградите. Според податоците објавени на електронскиот систем за јавни набавки, првата награда од 307.475 денари, ја добива идејното решение под шифра А22, втората награда во вредност од 245.980 денари ја делат авторите на идејните решенија под шифрите Нова5 и Јадро, а третата награда од 61.495 денари ја добива авторот на решението под шифра Океан.
Според расписот за конкурсот кој беше објавен во јуни, а според тендерската документација наградите истовремено значат и откуп на авторските права и обесштетување на авторите во целост, за што тие ќе треба да дадат писмена согласност. А тоа значи дека решенијата ќе можат да се менуваат или да се прават и компилации од неколку решенија, што е веќе видено.

гррр
Од Министерството за здравство велат дека сега не можат да ги објават имињата на наградените автори, додека не ги потпишат договорите со нив.
„Кон крајот на месецот ќе направиме изложба на одбраните идејни решенија и ќе организираме јавна дебата со стручната фела. Сметаме дека така ќе го избереме најдоброто решение за изградба на нова градска болница“, велат за медиумите од Министерството за здравство.
Дел од стручната фела веќе реагираше за несоодветноста на локацијата, непрецизната и недоволна проектна програма, краткиот рок (35 дена) за изработка на идејниот проект и за недостоинствено мал паричен надомест за наградените трудови (прва награда 5.000 еура).

Во меѓувреме ААМ испрати допис до Министерството за здравство за продолжување на рокот и зголемување на наградниот фонд . Одговорот е пристигнат скоро три недели по реакцијата на ААМ или една недела пред истекот на рокот за конкурсот. Но за жал кога конкурс се спроведува според Закон за јавни набавки секако одговорот на министерството до ААМ и се повикува на овој закон. Попрецизно за продолжување на рокот се повикува на Член 54 и 108 во кој се вели „Крајниот рок за поднесување на плановите или проектите не смее да е покус од 35 дена од датумот на испраќање на огласот за објавување во „Службен весник на Република Македонија“ и на веб страницата на Бирото“. Но изгледа министерството малку се збунило, ова се однесува на минимален рок од 35 дена, овде се работи за брање на продолжување на рокот од 35 дена.
За реакцијата дека сумата не соодветствува со обемот и комплексноста на работата одговараат дека буџетот на министерството се носи согласно законите, а сумата за конкурсот однапред се определува. Велат дека „во недостаток на законски регулиран ценовник и тарифник за ваков тип услуги, можноста за буџетирање е согласно План за јавни набавки на Министерството за здравство“.

Ова е уште еден удар во низaтa и сурова опoменa до струката дека Комората на овластени архитекти и инженери под итно мора да го донесе ценовникот за инженерски услуги.

Испрати коментар

Scroll To Top