Насловна / Вести / Конкурс за зелени проекти за традиционални бизниси

Конкурс за зелени проекти за традиционални бизниси

cira_1

Во годината кога ЦИРа (Center for Institutional Develepment-CIRa) слави 10 години од своето постоење, во соработка со Фондот на браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund) од САД, и во оваа година, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претриемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.
Избраните три идеи од Македонија ќе се натпреваруваат на регионалниот форум, каде што најдобрите три можат да бидат селектирани за финансиска поддршка од 10.000 долари за нивна реализација.
Според директорот на ЦИРа Зоран Стојковски, ова е прекрасна можност за македонските социјални претприемачи, мали и млади организации и претпријатија да конкурираат со своите идеи и да добијат награда, но и да обезбедат контакти со можни поддржувачи и донатори.
Крајниот рок за доставување на проектите е 10 јуни 2014.

Испрати коментар

Scroll To Top