Насловна / Вести / Конкурс за стипендии за животна средина во Германија – рок до 5-ти септември

Конкурс за стипендии за животна средина во Германија – рок до 5-ти септември

Германската фондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt – DBU) ги повикува дипломците од сите струки од централна и источна Европа да се пријават на конкурсот за стипендии. Рокот за пријави истекува на 5-ти септември 2021 година. Прилика да добијат стипендија од 1.250 евра месечно имаат дипломци од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Естонија, Хрватска, Косово,  Литванија, Унгарија, Полска, Романија, Македонија, Словачка, Србија, Словенија, Чешка и Украина. Стипендијата за напредна едукација во сите области на заштитата на животната средина се однесуваат на пракса или истражувачки престој во траење од 6 до 12 месеци во различни организации во Германија, како што се универзитети, истражувачки институти, компании, агенции за заштита на животната средина и природата, невладини организации и здруженија. На овој конкурс со два рока за пријавување – 5-ти септември и 5-ти март, секоја година DBU  дделува 60 стипендии. Податоци за условите за аплицирање, можете да најдете ОВДЕ.

Logo Deutsche Bundesstiftung Umwelt

DBU2

Испрати коментар

Scroll To Top