Насловна / Архитектура / Конкурс за редизајн на старото сајмиште во Солун

Конкурс за редизајн на старото сајмиште во Солун

Распишан е архитектонски конкурс за редизајн на саемскиот простор во Солун и прогласени се победниците. Првата награда добило решението кое предвидува низа павилјони со големи покриви со кружна форма. Осмислена е инфраструктура за меѓународни настани која на локалните жители ќе им пружи робустен јавен простор богат со зеленило. Павилјоните ќе се надоврзат на постоечката мрежа на знаменитости создавајќи нов хибриден пејсаж кој би требало овој дел од градот да го претвори во деловна и туристичка атракција на регионот.

solun1

souln2

Со проектот, овој дел повторно се поврзува со локалните знаменитости и воведуваат рути кои некогаш овде минувале. Во западниот дел же бидат сместени простори за игра и привремени инсталации, во централниот дел ќе бидат сместени градини и кафулиња, додека во јужниот дел е планиран голем амфитеатар. Новите изложбени хали кои ги карактеризира органска форма, содржат простори за поставки и настани на отворено на ниво на приземјето, создавајќи така силна врска помеѓу објектите и околниот парк. Покривите на павилјоните опремени се со системи за искористување на сончевата енергија и собирање на дождовница. Системот за климатизација и вентилација има висока енергетска ефикасност.

solun3

Проектот е изработен од страна на меѓународната архитектонска компанија Sauerbruch Hutton во соработка со Gustafson Porter + Bowman и Elenа Stavropoulou. Победничкото решение е избрано во конкуренција на 115 пријавени, меѓу кои и реномираните OMA, Kengo Kuma, Sou Fujimoto, Heatherwick Studio. Втората и третата награда ја добиле Lina Ghotmeh, односно UN Studio.

solun4

 

Испрати коментар

Scroll To Top