Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија денеска објави конкурс за откуп на фотографии на тема „вашиот кадар од Македонија“.
– Целта е да Ве поттикнеме, инспирираме, охрабриме да ја споделите и Вие Вашата приказна преку Вашите најубави и најинспиративни моменти кои сте ги имале во Македонија. Креативноста споделете ја преку Вашите фотографии на најразлични теми: туристички дестинации, активности во природа, гурмански мотиви…, наведуваат од Агенцијата.
Конкурсот ќе биде отворен до 5. декември, а сите информации во врска со аплицирањето се достапни на линкот https://goo.gl/wSUYcp.