Гоу Грин распишува конкурс за најдобра фотографија на тема „Отпад – проблем или можност“. Отпадот може да создаде диви депонии и загадување, но во исто време може да претставува непроценлив ресурс и извор на енергија. Целта на натпреварот е да поттикне размислување кај младите на оваа тема и да стимулира креативно изразување преку фотографијата. Право на учество имаат млади луѓе на возраст од 12 до 18 години од Македонија. За учество е потребно да ја испратите својата фотографија заедно со вашите лични податоци (име, презиме, возраст и училиште) на [email protected] со наслов „Натпревар за најдобра фотографија“”.
Критериуми кои мора да ги имате предвид:
– Секој учесник може да прати само една фотографија
– Фотографијата не треба да е поголема од 10 МБ
– Краен рок на испраќање фотографии е 18 ноември, до 12.00 часот
– Фотографијата треба да претставува ваше лично дело т.е. најстрого се забранува плагијат или копија.
Сите фотографии ќе бидат поставени во посебен албум на Гоу Грин фан страницата. Натпреварот по фотографија е дел од проектот „Од отпад до младинска енергија“ поддржан од Титан цементарница Усје.