EUSEW е најголемиот настан посветен на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност во Европа, а оваа година се одржува под слоганот „Забрзување на транзицијата кон чиста енергија – кон пониски сметки и понапредни вештини“. (Accelerating the clean energy transition – towards lower bills and greater skills). Го организира Европската агенција за клима, инфраструктура и животна средина (CINEA) во соработка со Генералниот директорат за енергетика (DG ENER). Оваа година настанот ќе биде организиран во хибриден режим. Учесниците и говорниците ќе можат да присуствуваат и преку интернет и во живо во Брисел.
Неделата на одрлива енергетика во ЕУ ќе собере претставници на владини институции, приватни компании, невладини организации и партнери на ЕУ проекти, како и истражувачи и потрошувачи, со цел промоција на зелените иницијативи за енерегетска транзиција на Европа. Европските награди за одржлива енергија EUSEW 2023 се доделуваат со цел истакнување на успесите на одредени проекти, како и поединечни и колективни потфати со исклучителни резултати во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. За конкурсот за награди може да се пријават проекти, активности и акции од земјите од ЕУ и европскиот економски простор. Исто така може да се номинираат и поедници или здруженија кои оствариле значајно влијание во една од трите категории: иновации, локална енерегетска акција и жени во енергетиката. Изборот на финалистите ќе го направи стручно жири, по што ќе следува интернет гласање. Победниците ќе бидат објавени на церемонијата на доделување на наградите EUSEW 2023 во Брисел на 20 јуни 2023.