Насловна / Архитектура / Конкурс за избор на Претседател на УО на ААМ

Конкурс за избор на Претседател на УО на ААМ

Согласно чл.24 и чл.29 од Статутот на ААМ се распишува КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА ААМ.

аам

До канцеларијата на ААМ од 19.08. до 19.09.2016 г. се доставува кандидатура за Претседател на УО на ААМ. Кандидатурата се доставува во писмена форма по електронски пат на e-mail: [email protected] и во тврда копија во канцеларијата на ААМ секој работен ден од 9.00 до 13.00 часот.

Кандидатурата треба да содржи:

–       Пополнета пријава

–       CV на кандидатот

–       Предлог програма за работа на ААМ потпишана од кандидатот

–       Предлог на шест (6) членови на УО на ААМ

Задолжително е кандидатот да е член на ААМ (тоа подразбира и платена членарина за тековната 2016 год.)

Сите пристигнати кандидатури за Претседател на УО на ААМ во електронска форма се испраќаат до членовите на ААМ. Овој материјал е составен дел на изборното Собрание.

На изборното Собрание сите кандатите се претставуваат лично и ја презентираат својата програма и предложените шест (6) члена на УО.

Собранието со гласање и со мнозинство на гласови избира Претседател на УО на ААМ.

Мандатот на Претседателот и членовите на УО на ААМ е три (3) години.

Пожелно е, но не и задолжително, кандидатот да бил член на УО на ААМ што укажува на поблиско познавање на работењето на ААМ.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top