Насловна / Вести / Конкурс за идејно решение на плоштад ВМРО во Крива Паланка

Конкурс за идејно решение на плоштад ВМРО во Крива Паланка

Општина Крива Паланка објави јавен повик за изработка на идејно решение за за избор на идејно-архитектонско урбанистичко решение на плоштадот во централното градско подрачје во Крива Паланка -Плоштад ВМРО.

Цел на конкурсот е изработка на идејно архитектонско – урбанистичко решение за уредување на јавен градски простор со сите елементи и барања дефинирани во проектната задача, а во склад со актуелните урбанистички планови.Opstinska zgrada Kriva Palanka

Критериум за доделување на договорот за јавната набавка е најдобро рангиран учесник/проект.

Елементи на критериумот најдобро рангиран учесник/проект се:
Целосно почитување на програмските барања
Изводливост и одржливост
Оригиналност и репрезентативност на концептот
Креативност и инвентивност во пристапот на обликување
Современ третман на просторот
Јасност на идејата на проектот
Економичност на решението
Врска на предложеното решение со окружувањето
Задоволување на сите прописи и нормативни акти за проектирање и урбанистичко планирање
Адекватна примена на матријалите
Комплетност на решението
Препознатливост , естетски амбиент и симболичност на градот

Тендерската документација може да се подигне од Општина Крива Паланка, а рок за поднесување на проектите е 11.05.2016 година до 12:00 часот.

Само лицата кои подигнале оригинална Тендерска документација имаат право да учествуваат на конкурсот.
Право на учество имаат домашни и странски правни лица регистрирани за вршење дејност – предмет на овој конкурс (документ за регистрирана дејност –за вршење на дејноста поврзана со предметот на конкурсот или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран ) и домашни и странски физички лица – дипломирани инжинери архитекти(диплома за завршен архитектонски факултет) и студенти по архитектура (потврда од архитектонски факултет за редовен/вонреден студент).

Договорниот орган планира да ги додели следните награди:
– прва награда за избраното најдобро идејно решение во висина од 60.000,00 денари
– втора награда за избрано најдобро идејно решение во висина од 40.000,00 денари
– трата награда за избрано најдобро идејно решение во висина од 20.000,00 денари

Договорниот орган го задржува правото да не ги додели наградите, односно да не изврши откуп на идејните решенија

Општина Крива Паланка ќе склучи авторски договор за пренос на авторските права, а наградата, односно откупите ќе претставуваат надоместок за откуп на авторските права за натамошно користење на делото за целта на овој конкурс.
Јавниот повик е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки www.e-nabavki.gov.mk (https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/acbf1283-610b-480e-9b7f-8d4bc10f7f16/BidForChoosingIdealSolution)

 


 

Испрати коментар

Scroll To Top