Насловна / Архитектура / Конкурс за идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро

Конкурс за идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро

Врз основа на член 15 од Статутот на општина Охрид, а согласно член 22 од Законот за локална самоуправа, ОПШТИНА ОХРИД објавува:

П О В И К

ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА

ПЛАЖИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

ох1_resize

1. ПРЕДМЕТ НА ПОВИКОТ

Предмет на повикот е изработка на предлог идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро.

2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ПОВИКОТ

Право на учество на повикот имаат сите физички и правни лица, регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на повикот;

3. ЦЕЛ НА ПОВИКОТ

Целта на повикот е вклучување на стручната јавност и граѓаните во процесот на утврдување на активностите и дејствијата за уредување на плажите на Охридското Езеро согласно препораките и насоките од Планот за управување со светското природно и културно наследство, препораките на УНЕСКО како и постојните законски прописи.

4. КОНКУРСНИ УСЛОВИ

– Конкурсот е анонимен и секој учесник има право да учествува со еден труд;

Крајниот рок за поднесување на идејните решенија е 29.09.2021 година, до 13:00 часот;

– Работните материјали и целокупната кореспонденција со повикот се пишува на македонсклки јазик и кирилично писмо;

– Доставените решенија ќе бидат доставени на увид пред јавноста и соодветна стручна комисија со цел избор на најсоодветно решение;

– За најдобрите решенија, општината ќе обезбеди парични награди и тоа во износ:

  • прва награда 45.000,oo денари
  • втора награда 15.000,oo денари

5. НАЧИН НА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА

Идејните решенија за уредување на плажите треба да бидат изготвени согласно проектната задача и постојните прописи.

5.1 . ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПЛАЖИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Уредувањето на плажите на Охридското Езеро ќе се врши согласно препораките и насоките од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскот регион (2020-2029), како и останатата законска регулатива со која се регулирани истите.

Плажите согласно планот, се дефинирани во прва В зона, од првата заштитна зона, која го опфаќа Охридското Езеро и неговиот крајбрежен појас во хоризонтална проекција со ширина од 50 метри сметано од граница на КП 1/1 КО Охридско езеро.

Првата – В зона на плажи – се дефинираат како плажи кој се во опфат на КП 1/1 КО Охридско Езеро како и плажите чии опфати граничат со КП 1/1 КО Охридско Езеро, а земјиштето е во сопственост на Република Северна Македонија.

5.1.1. ОПШТИ УСЛОВИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПЛАЖИТЕ

А) ОТВОРЕН ПРОСТОР

Песочна плажа – ќе се изнивелира и попесочи со автохтон материјал, со просечна ширина на целиот потег во зависност од условите кој што ги нуди просторот на кој ќе бидат поставени лежалки со чадори. На овој дел од плажата може да бидат поставени лежалки со чадори со максимален процент од 40% од површината на делот од песочната плажа;

Засенчена плажа – зелен појас кој е формиран од постојното зеленило кое во целост ќе се сочува како и дооформи со ново зеленило заедно со пешачки патеки (камени плочки и трева). Во останатиот простор од плажата да се предвидат: отоворени шанкови со настрешница, (изградени од дрвен материјал), санитарни јазли, туш кабини, соблекувални, чешми, фонтани, клупи за седење, корпи за отпадоци, набљудувачко место за спасители и детски игралишта (реквизити за игри на деца);

Капалиште – одбележан простор за капење во езерото заради заштита на капачите од пловните објекти.

Б) ИНФРАСТРУКТУРА

На плажите да се користи постојната инфраструктура. Снабдувањето со вода ќе се врши од градската водоводна мрежа. Канализацијата ќе биде приклучена во колекторскиот систем.

Пристапот до плажите да биде од постојната сообраќајна инфраструктура.

Приклучокот за електрична енергија да биде на постојната електрична мрежа во согласност од ЕВН.

В) МАТЕРИЈАЛИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПЛАЖИТЕ

Согласно Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскот регион (2020-2029), како и останатата законска регулатива со која се регулирани истите потребно е:

Да се применат автохтони материјали како што се дрво, камен, стакло, а се забранува употреба на: метал, лим, бетон, бехатон, армирано-бетонски  и челични конструкции и ѕидови од камен.

Г) Информации и графичкиот приказ на просторот за уредување може да се добијат секој работен ден од 09-14 часот во Одделението за донесување урбанистички планови.

ох_resize

6. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИТЕ

  • Идејното решение покрај во хартиена форма да се достави и во дигитална форма (CD или DVD формат)
  • Трудовите да се достават во Архивата на Општина Охрид, ул. Димитар Вахов бр.57,по пошта или лично најкасно до 29.2021 година до 13:00 часот.

Учесниците на повикот, трудовите со сите прилози ги предаваат во заедничка обвивка на кој на предната страна пишува („ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПЛАЖИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“) со назнака „не отварај“ и на обвивката не е дозволено пишување името на учесникот и ставање на било какви ознаки со кои ќе се наруши анонимноста на повикот.

  • Во заедничката обвивка се приложува запечатен плик со назнака „автор“. Пликот со ознака „автор“ го содржи: името/имињата на изработувачот на идејното решение и нивната адреса.

7.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

– Со учество  на  повикот изготвувачот на трудот ги прифаќа условите на повикот,

– Распишувачот на повикот со доделување на наградата ги откупува авторските права,

– Распишувачот го задржува правото да врши измени во идејното решение,

– Оценувачката комисија нема да ги разгледува оние трудови кои што ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според условите и расписот на повикот.

– Со цел подобрување на квалитетот при изготвување на идејното решение,општината се обврзува на учесниците на повикот да им овозможи пристап до соодветната документација со кој се ќе се прецизира опфатот кој е предмет на повикот за избор на идејно решение и посета на локацијата.

– Доделенета награда претставува и надомест за откуп на авторските права на идејните решенија.

КОМИСИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Испрати коментар

Scroll To Top