Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник” почнува серијал на тематски геофотоконкурси насочени кон природните убавини на Македонија. Првиот конкурс е посветен на водопадите и кањоните и трае до крајот на овој месец.
Победниците ќе добијат вредносни ваучери, посета на Слатинскииот извор, комплет книги од Македонското географско друштво, како и платена годишна чланарина во Истражувачкото друштво „Природник“.
Право на учество имаат сите граѓани во Македонија. Сите пристигнати фотографии ќе бидат објавени на фејбук страната на Истражувачкото друштво. Во периодот од 9 до 14 септември ќе може да се гласа за нив . Петнаесетте фотографии со најмногу „лајкови“, ќе бидат презентирани на изложба и од нив ќе бидат избрани најдобрите.
Победниците ќе бидат објавени на крајот на септември на веб страницата и на фан страната на Истражувачкото друштво „Природник“. Идејата е преку фотографија да се презентираат природните убавини со кои располага Македонија и да се промовираат и заштитат.