Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора, распиша уште еден меѓународен Конкурс за идејно архитектонско решение за нов објект на општата болница во Пљевља.
Предмет на конкурсот е изработка на идејно архитектонско решение за зградата на општата болница во Пљевља, во опфатот на Деталниот урбанистички план „Мали Логор“. Површината на опфатот на конкурсот изнесува 15.390 квадратни метри.
Од учесниците се очекува да понудат решение кое ќе се карактеризира со висока функционалност на објектот и единственост во архитектонското обликување, за да се создадат просторни услови за рационализација и зголемување на ефикасноста на работата на општата болница во Пљевља.
Конкурсот, кој е меѓународен, општ, идеен, едностепен и анонимен, отворен е од 9. февруари до 14. април 2023 година, додека рокот за објавување на резултатите од конкурсот е 9. мај 2023 година. Фондот на конкурсот изнесува 100.000,00 евра и е предвиден во Капиталниот буџет за 2023 година.
Жири
Владан Стевовиќ, В.Д. Главен државен архитект во Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора – претседател на жирито;
д-р Огнен Марина, декан на Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје – стручен член;
Mаурицио Меоси, помошник директор во Zaha Hadid Architects – стручен член;
д-р Ема Алихоџиќ Јашаровиќ, доцент на Архитектонскиот факултет, Универзитет во Црна Гора – стручен член;
Младен Крекиќ, архитект – стручен член;
Мира Чоловиќ, градежен инженер – секретар на Секретаријатот за просторно планирање на општина Пљевља – стручен член;
д-р Слаѓана Ќориќ, специјалист по интерна медицина – државен секретар во Министерството за здравство – стручен член.
Конкурсни рокови
Конкурсот е отворен од четврток, 9. февруари 2023 година.
Краен рок за поднесување на трудовите е 23:59 h (UTC+1) петок, 14. април 2023 година.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени до 9. мај 2023 година
Награден фонд
Прва награда – 37.000 евра
Втора награда – 18.000 евра
Трета награда – 10.000 евра
три откупи од по 4.000 евра
Прашања на учесниците
Сите учесници можат да поставуваат прашања за конкурсот до сабота, 11. март 2023 година, по што сите пристигнати прашања и одговори ќе бидат објавени до петок, 17. март 2023 година. Прашањата треба да се испратат на е-пошта: [email protected]
Комплетната конкурсна документација можете да ја погледнете или преземете на овој линк.