Насловна / Архитектура / Конкурс за административна зграда на Општина Центар – Скопје

Конкурс за административна зграда на Општина Центар – Скопје

Општина Центар – Скопје распиша Конкурс за урбанистичко и идејно архитектонско решение за комплекс градби којшто треба да вклучи административна зграда на локалната самоуправа Општина Центар – Скопје. Комплексот на градби е планиран на ГП 1.23 од Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Градска четврт „Дебар маало 1“, Општина Центар – Скопје, донесен од Советот на Општина Центар – Скопје со Одлука број 07-9816/4 од 21.12.2012 година. На предметната локација во моментов се наоѓаат времени објекти – бараки поставени по катастрофалниот земјотрес од 1963 година во коишто е сместена администрацијата на локалната самоуправа Општина Центар – Скопје и подрачните единици на неколку државни институции.

Краен рок за предавање на конкурсните трудови е 27.09.2024 година во 15.00 часот.

ГРАФИЧКИ ДЕЛ:

  • Урбанистички проект (ПАНО БРОЈ 1)

– Урбанистичко решение на градежната парцела (со регулациони линии, површини за  градење определени со градежни линии, максимални височини за градење на градбите и проектно решение на партерот) (Р=1:500),

– Проектно решение на внатрешниот динамичен и стационарен сообраќај (Р=1:500),

– Проектно решение на зеленилото во рамки на градежната парцела (Р=1:500),

  • Идејно решение

– Ситуација со поширок опфат со приказ на петта фасада (Р=1:500) (ПАНО БРОЈ 2)

– Основи на приземје со партер и отворено приземје (Р=1:200) (ПАНО БРОЈ 2),

– Основа на подземни нивоа (Р=1:200) (ПАНО БРОЈ 3),

– Основа на сите катови или карактеристичен кат доколку се повторуваат и петта фасада (Р=1:200) (ПАНО БРОЈ 4, 4А, 4Б,…),

– Најмалку два карактеристични пресеци на секој објект (Р=1:200) (ПАНО БРОЈ 5),

– Изгледи – поединечни и композициски на целиот комплекс (онолку колку што се потребни за целосни прикази на објектите) (Р=1:200) (ПАНО БРОЈ 6),

– Визуелизации – најмалку два прикази од различни точки или агли, и тоа: (ПАНО БРОЈ 6),

– приказ од птичја перспектива со поширокото опкружување,

– приказ од човечка перспектива со поширокото опкружување,

– приказ од човечка перспектива од партер,

– внатрешен приказ (со барем една точка во влезниот хол) и

– други прикази по избор на авторот/авторите,

– За потребите за организирање на изложба потребно е да се приложи едно пано каширан на пена – плоча капалин или бел хамер во Б1 формат (100 х 70,7 см), со вертикална ориентација, со карактеристични содржини по избор на авторот/авторите, кои најдобро и највпечатливо би го прикажале проектот на пошироката јавност (во размер по избор на авторот/авторите, а соодветно на форматот на листот) (ПАНО БРОЈ 7),

  • Макета со приказ на концептот преку волумени (Р=1:500).

Целосната документација за конкурсот можете да ја превземете ТУКА.

Испрати коментар

Scroll To Top