Сите возрасни и деца може да се натпреваруваат на конкурсот „Треш фор арт 2014“ со уметнички дела од пластика, хартија, лименки, стакло или композит. Учесниците може да се натпреваруваат во две категории – поединци и училишта, а во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди и тоа: 50 илјади денари за прво место, 25 илјади за второ и 15 илјади денари за трето место. Готовите дела треба да се достават на 15 и 16 декември, од 10 до 18 часот, во зградата на Kинотека на Македонија во Скопје, кај библиотека „Другарче“ во Kарпош 3.
Веќе четврта година по ред, конкурсот го организира Друштвото за управување со амбалажен отпад „Пакомак“ со Прокредит банка. Нивната цел е да дадат поинаков поглед на амбалажата од секојдневниот живот и да ги инспирираат граѓаните да создадат интересни уметнички творби.