Насловна / Архитектура / Коњска кола пренаменета во прекрасен дом

Коњска кола пренаменета во прекрасен дом

Иако дефинитивно станува збор за тркала и коњи, оваа приказна има многу интересен почеток. Станува збор за камион од 1989 година, т.н. коњска кутија наречена Хелга, прилагодена така што повеќе не е за коњи, туку за луѓе. И прилично е опуштено затоа што  овој неверојатен ентериер е исполнет со најубаво природно дрво и проектиран така што сè што на прв поглед изгледа мало и тесно, всушност добива сосема нова димензија.

kola

За оваа подвижна куќа може со сигурност да се каже дека е направена од нула. Кутијата е целосно отстранета, дрвото е изрендано до исцрпеност и сите рамки се префарбани. Со додавање на многу инженерство и прилагодување, создадено е исклучително магично место каде сопственикот навистина се чувствува како апсолутен домаќин, а тоа е каде и да паркира.

kola1

Во внатрешноста на куќата има комплетно опремена кујна која содржи шпорет, мини фрижидер и многу плакари. Преку кујната има шпорет на дрва плус соларни уреди, вода, батерии и уреди за мерење на оптоварување. Рустикалната бања може да се пофали со едноставен туш и тоалет за компост. Во продолжението на домот има двојни седишта, кои исто така претставуваат места за складирање, а има дури и скали кои водат до креветот сместен на првиот кат.

kola2

Деталите за овој дом се едноставно зачудувачки. На пример, просторот за спиење би изгледал прилично мрачен и тесен, имајќи предвид дека е врамен со гранки од дрвја, но дури и тука е пристапено кон исклучително оригинално решение – изградба на кровни прозори што во голема мера ја освежуваа целата атмосфера. И ако сето ова не е доволно, покривот на овој камион може дополнително да се претвори во голема палуба за забава.

kola3

kola4

kola5

kola6

kola7

kola8

kola9

kola10

Испрати коментар

Scroll To Top