Насловна / Вести / Конференција за урбаната иднина во Виена

Конференција за урбаната иднина во Виена

Во главниот град на Австрија, од 28 февруари до 2 март следната година ќе се одржи најголемата европска конференција посветена на иднината на градовите насловена  Urban Future Global Conference (UFGC) со  3.000 учесници од над  400 градови, од 50 земји и четири континенти.

Themenbereiche

Конференцијата за прв пат се одржува во Виена и ќе ги собере најинспиративните луѓе на нашето време кои дале личен придонес во развојот на градовите, т.н . CityChanger. Тоа се поедници кои со своето делување согласно принципите на одржливиот развој направиле многу за своите градови.

А предизвиците не се мали – од порастот на бројот на жители, намалувањето на ресурсите, климатските промени, до загадувањето на воздухот. Своето учество го потврдиле 200 говорници. Главни теми на конференцијата ќе бидат: мобилноста, урбанизмот, комуникациите и управувањето со ресурси.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top