Конференција за одржливо управување со отпад на регионално ниво ќе се одржи денеска во Скопје.
Целта на конференцијата е подигање на свеста за значењето на интегрираните системи за управување со отпад и промовирање на политиките на ЕУ и проектите за отпад на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Конференцијата е дел од проектот финансиран од ЕУ: „Подготовка на потребни документи за воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион”.
На отворањето на конференцијата ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети и раководителот на одделот за инфраструктура, земјоделство и социјални политики во Делегацијата на Европска Унија, Мауро Ди Вероли.