Од 15 до 19 јуни во Брисел ќе биде одржана десеттата конференција по повод Европската недела за одржлива енергија. Во рамките на оваа конференција ќе се разговара за принципите на одржливоста во енергетскиот сектор, односно ќе биде ставен акцент на енергетската ефикасност и емисијата на стакленички гасови. Ќе стане збор и за улогата на новите потрошувачи во новата Енергетска унија, а ќе се одржат и изложби и работилници посветени на „чистата“ енергија.
Во рамките на конференцијата ќе бидат доделени и награди за одржливи проекти. Номинирани се девет проекти во категориите: обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и градови, заедници и региони. На минатогодишната манифестација беа одржани околу 900 настани со над 100.000 учесници.