Насловна / Вести / Конференција за Maкедонија во европската енергетска рамка

Конференција за Maкедонија во европската енергетска рамка

Odrzliva energija

Во Скопје се одржа конференција за енергетската рамка, безбедноста и енергетската сигурност на Македонија, во организација на „Еко- свест“.Конференцијата е поврзана со промовирањето на две студии од едицијата „Македонија во европската енергетска рамка“, за достапноста на јаглен за енергетски потреби и достапноста на работни места во различните сектори поврзани со енергијата.

Двете изданијата претставуваат анализи посветени на достапноста на лигнит за производство на електрична енергија, односно на можностите за отворање нови работни места во термоелектрани и обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

energetska efikasnost steker zelen

Од „Еко-свест“ нагласуваат, дека во двете студии целта е да се даде одговор на прашањата: „Дали е безбедна енергетската иднина на Македонија во однос на достапноста на лигнит?“ и „Дали во Македонија секторите енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ), нудат поголем потенцијал за вработувања во споредба со термоелектраните?“.

Студиите се изработени и објавени во 2015 година и се промовираат заедно, со цел истовремено да се прикажат сите аспекти (негативни и позитивни) за енергетската слика за енергетската иднина на Македонија.

Заклучокот од нив, велат од „Еко свест“, е дека Македонија треба итно да се пренасочи кон значително поголемо искористување на т.н. нови обновливи извори на енергија, со цел да се намали зависноста од фосилни горива чии резерви набрзо ќе се исцрпат, а истовремено да се обезбеди поголем број на вработувања.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top