Од 12 до 14 мај 2015-та во Копенхаген ќе биде одржана втората по ред European Climate Change Adaptation Conference. Во рамките на конференцијата ќе се разговара за прашањата поврзани со климатските промени. Ќе биде претставена единствената платформа за истражувачи, креатори на политики, практична примена на искуствата во врска со влијанијата на климатските промени, како и можност за деловни иновации кои го поддржуваат преминот кон пониска емисија на јаглерод диоксид.
Конференцијата „European Climate Change Adaptation“ се надоврзува на конференциите за климатски промени кои се одржани во Австралија во 2010 година и во САД. Првата конференција за климатски промени на европско тло е одржана во Германија во Хамбург во 2013 година.