На 17-ти и 18-ти септември 2021 година, во Белград пред Музејот „25. мај” и во куќата на Крал Петар ќе се одржи манифестацијата „Екомобилност“, со цел да испрати порака дека можно е да се намали загадувањето со користење на одржливи форми на превоз и технологии. На настанот ќе бидат презентирани електрични, хибридни возила, возила на водород и метан, односно се што е одржлива алтернатива на клаичните бензинци и дизелаши. Исто така, ќе бидат изложени и електрични велосипеди, мопеди на електричен погон и електрични тротинети. Предвидено е и одржување на панел дизкуции за екомобилноста – технологии, законски решенија, субвенции и сл. Ќе се одржи и премиера на луксузни брендови, но за тоа организаторот не сака да открива детали. Влезот ќе биде бесплатен, со задолжително почитување на сите епидемиолошки мерки.