Од 26 до 28 ноември 2015 година во Салцбург, Австрија, ќе биде одржана седмата конференција за хидроенергија RENEXPO HYDRO.
Темите на оваа конференција ќе бидат иновативните мали хидроцентрали, цевните системи на хидроцентралите како и технологијата за мерење, регулација и управување кај хидроцентралите. Сите заинтересирани за учество и пријавување на свои трудови, можат да се пријават до 22 мај 2015 година.
Истовремено со конференцијата се одржува и саемска манифестација со учество на голем број излагачи од наведените области.