Насловна / Вести / Конференција Energy Week Western Balkans 2023

Конференција Energy Week Western Balkans 2023

Конференцијата Energy Week Western Balkans 2023, ќе се одржи на 18-ти и 19-ти октомври 2023 година во Тиват во комплексот Regent Porto Montenegro. Energy Week е водечка регионална инвестициска конференција за обновливи извори на енергија, која ги обединува властите и енергетските компании од регионот, како и голем број на глобални инвеститори и финансиски институции. панел дискусиите и сесиите во склоп на конференцијата ќе бидат посветени на следните теми: Fireside chat: дали 100% енергетски микс од обновлива енергија е можен на Западен Балкан?; дијалог со креаторите на политики и регулаторите – енергетската сигурност во регионот; иднината на комуналните претпријатија – од криза до транзиција; текови на приходите од обновливи извори на енергија; патот на зелената транзиција – перспектива на инвеститорите; технологија и услуги за чиста енергија за отклучување на неискористениот потенцијал; управување со предизвиците на патот на транзицијата.

енергѕњеек

Испрати коментар

Scroll To Top