Насловна / Вести / Конференција – Енергетска Политика – потреби (Гасификација, Правна рамка)

Конференција – Енергетска Политика – потреби (Гасификација, Правна рамка)

gasifikacija

Утре, (24 јуни), со почеток од 11.00 часот, во ЕУ Инфо Центар, во Скопје, фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ) организира конференција на тема „Енергетска Политика – потреби (Гасификација, Правна рамка)“. Настанот е дел од Европската недела на одржлива енергија.
Конференцијата има за цел да претстави преглед на енергетската Политика во Република Македонија и регионот, во поглед на исполнување на потребите за енергија, како и преземените мерки за да се обезбеди соодветно ниво на квалитетна енергија. Фокусот е процесот на гасификација, како едно од оптималните решенија, заедно со преглед на националната правна рамка во врска со овој сектор, како и усогласеност со ЕУ директивите.
На конференцијата ќе се промовира и новата публикација: „Енергетска политика на Република Македонија: Гасификација и правна рамка – преглед“ од страна на авторите проф. д-р Константин Димитров и Зоја Taревска, од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ.

Испрати коментар

Scroll To Top