Насловна / Вести / „Конекција“ на Жанета Гелевска Велјаноска во Чифте амам

„Конекција“ на Жанета Гелевска Велјаноска во Чифте амам

Вечер во просториите на Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во 20 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Жанета Гелевска Велјаноска. Изложбата ќе содржи 40-ина дела комбинирана техника на платно.

press1

„Конекција“ e насловот на изложбата, кој сам по себе сугерира симбиоза на најважните вредности во животот како и во уметноста. Жанета Гелевска Вељаноска ги повикува гледачите на нов поглед на поимот „заедништво“. Со своите дела како и во животот Жанета комуницира, Продуховеност, Промисленост и Доследност, овој пат во комбинирана техника на платно, со вметнување на колажи, стари фотографии од минатото заедно со модерните форми од сегашноста.Print

Систематизираќи ги внатрешните пориви на својот сопствен сензибилитет, во своите дела Жанета Гелевска Вељаноска се стреми кон синтетичен и силен начин на изразување. Лексиката на нејзиното сликарство е слоевита и смислено вкрстена од различните доживувања и расположенија, така таа се ослободува од една цела конкретна логика, во корист на диктатот на сетилата и чувствата со емотивни изливи на внатрешна енергија и психички вибрации.

Преку палетата на своите платна, Гелевска нè води низ инзвонредна композициска решеност на површината, воедно остваруварувајќи една комплексна изведба, споена со познавањето, пред сè, на создавањето на светот како предизвик на самото битие. Во својот појдовен импулс, пристапот на авторката веќе е лишен од декларативно-утилитарна тенденциозност, нејзините мотиви се предизвикани од сфери кои им припаѓаат, пред сè, на творечките индивидуално-психолошки и хуманистички разбирања.press

Делата се весели и полни со оптимизам, потхранети со страст за животот и интерес за едноставноста на секојдневниот живот, со мотиви кои изразуваат животна радост, неагресивност, и сремеж кон еуфорична емотивнoст. Светот на Жанета Гелевска е полн со немири, сликарски ансамбли, енергични акценти, исцрпно истражување, збиен сензибилен набој, хармонизирани градации, ритмично избалансирани.

Жанета Гелевска Велјаноска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1989 година. Член е на ДЛУМ од 1989 година.

Учествувала на многубројни изложби во својата родна Македонија, во Европа и САД, а зела учество и во различни уметнички проекти. Нејзините дела се присутни во многу приватни и јавни колекции низ целиот свет. Во 1999 година е поканета да учествува на изложбата на престижната галерија „Blains“, во Мејфер, Лондон, за веднаш потоа да се пресели во Англија, каде што работи како слободен уметник.

Куратор на изложбата е Татјана Бундалевска, и изложбата ќе трае до 21 декември 2015 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top