Во текот на последните години збогатен е музичкиот и културниот живот на Boca del Rio, Veracruz во Мексико. Во 2014 година формиран е Филхармонискиот оркестар „Boca del Rio“, кој преку своите настапи привлече различни музички изрази, локални и странски музичари, со што го прави срцето на културниот живот во градот.
Динамиката и активностите на оркестарот имале успешен општествен и културен развој и ја демонстрирале потребата од создавање на нов дом за оркестарот и неговите програми.
Новиот дом на оркестарот, проект на бирото со седиште во Мексико Сити Rojkind Arquitectos, се вклопува во главниот план кој се обидува да ја заживее урбаната област. Сместен е на устие на река, локација која не само што му дава име на местото, туку има и богата историја и кулинарска традиција. Парчето земја се наоѓа покрај место каде реката Jamapa се среќава со Мексиканскиот залив, покрај крајбрежната авенија Vicente Fox и местото на нејзиното поврзување со авенијата Zamora, каде што се наоѓаат сите локални ресторани.
„Локацијата на концертната сала Foro Bocа наменета е да ја артикулира динамиката на централниот дел на градот со крајбрежната авенија и има за цел да функционира како урбан детонатор способен да ја поттикне модерноста во областа“, велат проектантите. Објектот го присвојува безвременскиот израз на бетонските коцки поставени на различни висини, формирајќи различни волумени кои содржат концертна сала.
Влезот во објектот, освен што е заштитен од силниот северен ветер, поврзан е со низа јавни простори. Целта на архитектите била да се осигураат дека јавните простории се сметаат за важни исто колку и зградата, давајќи повратен одговор на заедницата со проширување на плоштадите кон плажата, браната и градот.
Монументалноста на надворешноста внесена е во ентериерите. Посетителите влегуваат во објектот под конзолен аголен блок, кој лебди над новиот јавен плоштад. Внатре, главното лоби е осветлено со природно светло од кровните прозорци и е анимирано со спуштени мостови и скали кои го пресекуваат просторот и водат до различните точки за пристап до гледалиштето. Архитектите ја ограничиле палетата на бетон, гранит и дрво. Материјалите ја изразуваат конструктивна логика внатре и надвор. Разбирајќи ги локалните мексикански занает, текстурата ја доловува светлината и сенката на небото кое се менува на Boca del Rio.
Во својата внатрешност, концертната сала го рзвива техничкото знаење на странски и локални специјалисти по акустика, изоптика и театарска механика. Поседува опрема да стане најсофистицираната концертна сала во земјата.
Проктната програма барала концертна сала за класична, традиционална и популарна музика со 966 места за седење, исто така, има можност да се играат претстави кои вклучуваат танц и театар, како и кино. Дополнително, има сала за проби која служи и за камерни концерти со 150 гледачи.
На последниот кат вклопена е тераса со поглед кон реката и морето, а објектот содржи и кафетерија и ресторан.
Концертната сала Foro Bocа отворена e за јавноста на 1 декември 2017 година со концерт на филхармонискиот оркестар Boca del Rio во кој учествувал славниот виолинист Joshua Bell.